Top Sport

Навивачите на Келн не беа воодушевени: Стадион наместо кауч

Германските фудбалски фанови не беа воодушевени од враќањето на Бундеслигата без навивачи, организирајќи повеќе протести, од кои беа најзабележителни тие пред стадионот на Келн.

Бундеслигата овој викенд се врати како прва од Топ 5 лигите во Европа со мечеви без публика и со заддржување на мерките за претпазливост, и во Келн дел од навивачите довлечкаа кауч пред стадионот на кој напишаа: „Стадиони, а не кауч“.

Во исто време, околината на стадионот беше излепена со постери на кои пишуваше: „Нашите пари се поважни од вашето здравје“, посочувајќи на фактот дека сите сакаат да ја завршат сезоната поради парите од ТВ-правата.

Scroll to Top