Top Sport

Доминација на Вестбрук, Џорџ и Леброн (Видео)

Двоецот на Оклахома Расел Вестбрук и Пол Џорџ, односно Леброн Џејмс ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.

Леброн Џејмс имаше учинок од 25 поени, 14 скока и 8 асистенции во победата на Кливленд над Детроит 121:104, Кај Детроит кој го запиша осмиот пораз во низа најефикасни беа Тобијас Херис и Ентони Толивер со по 20 поени.

Осум порази во низа има и Филаделфија. Џоел Ембид со 27 поени и 10 скока не можеше да го спречи поразот на својот тим во дуелот со Оклахома 112:122. Расел Вестбрук доминираше на овој меч со 37 поени, 9 скока и 14 асистенции, а Пол Џорџ постигна 31 кош.

Торонто со победата 123:111 ја прекина низата од четири победи во која се наоѓаа кошаркарите на ЛА Лејкерс. Хјустон го совлада феникс 113:102, а Милвоки победи во Чикаго 110:96.

ЛА Клиперс славеа во Њу Орлеанс 112:103. Бејкс Грифин со 7 поени, 12 скока и 7 асистенции, односно Деандре Џордан со 12 поени и 19 скока ги предводеа Клиперси до победата.

Сан Антонио убедливо го порази Сакраменто 113:98. Брајан Форбс со рекордни во кариерата 23 поени ги предводеше Спарс до победата.

Scroll to Top