Top Sport

Линдберг: Најлошите судии го судеа мечот за бронза

Репрезентацијата на Данска не успеа да освои медал на Европското првенство во Хрватска. Во борбата за третото место Данците беа поразени од Франција 29:32. По мечот најдобриот дански играч на овој наторевар Ханс Линдберг не го криеше своето разочарување од судиската двојка Дин и Дину од Романија,

„На крајот сме четврти. Најлоша позиција на која можете да завршите, толку сте блиску, а толку далеку…Одиме дома без медал. Судиите беа катастрофални, не знам што правеа. Имаше многу ситуации во кои не ни беа јасни нивните одлуки…Како да имаа нешто против нашите играчи, можеби не сум во право, но неме така ми изгледаше. Дадовме се од себе за да се вратиме во мечот, а секогаш кога ќе се доближевме носеа чудни одлуки“, рекол Линдберг кој во мечоѕт за третото место блескаше со 12 поестигнати гола.

„Дојдовме до 26:28 и потоа му поништија гол на лауге. Не знам што видеа. Тажно…Најлошите судии на турнирот, тшо прабеа тие на ваков натпревар. Мислам дека ЕХФ не покажа потчит кон нас и Францизите кога нив ги делегираше“, дополнил најискусниот дански репрезентативец.

Scroll to Top