Њујорк Никс, во драматичен натпревар славеа над Индијана Пејсерс со 121:117, во првиот полуфинален меч во Источната конференција. Џејлен Брансон одигра уште еден феноменален натпревар и повторно беше најзаслужен за победата на тимот на Том Тибодо.
Она што оваа пролет го демонстрира на теренот, Џејлен Брансон, во НБА лигата последен пат се случило во ерата на Мајкл Џордан.
Со четвртиот последователен натпревар со 40 или повеќе поени (поточно 43, од кои 21 во последната четвртина), леворакиот мајстор на кошарката ги доведе Њујорк Никс до пресврт во финишот од првиот натпревар.
Брансон со тоа стана четвртиот кошаркар во историјата со четири последователни натпревари од 40+ во плеј-офот. Друштвото во кое влезе Брансон е исклучително: Џери Вест со шест по ред, потоа Бернард Кинг, а последен е Мајкл Џордан во финалната серија со Феникс Санс во 1993 година.
„Малите работе секогаш решаваат. Да, кул е да се постигнат 40 поени и сето тоа, но малите нешта ни помагаат да победиме во натпревари како овој. Среќен сум што ја имам оваа група момци околу мене“, рече Брансон, кој претходно, на сличен начин, ги испрати Филаделфија Севентисиксерс на летен одмор шест натпревари во првото коло.