Кошаркарите на Франција неприкосновени, со 3 победи од исто толку меча ја завршија групата Г на СП во Кина. Тие предмалку убедливо, со 90-56 славеа над Доминиканска република.
Иако кошаркарските вљубеници очекуваа поизрамнет меч, пред се поради извонредната партија на Доминикана против Германците, со што „панцирите“ не ја минаа групата, сепак се чини дека јужноамериканците се истрошија на претходниот меч, па не можеа соодветно да му парираат на фаворитот.
Својата моќ „галските петли“ ја покажаа уште во воведната четвртина која ја добија со 10 поени разлика (18-8), а на полувремето веќе беше познат победникот на мечот. Франција на половина од мечот имаш +22 (43-21).
Во третата четвртина продолжи одличната игра на Французите предводени од Нандо де Коло кој досега беше тивок на шампионатот. По 30 минути игра, на семафорот стоеше +28 за Франција.
Последниот период беше само рутина, Доминикана падна на физички план, за конечни 90-56.
Де Коло ја предводеше победничката репрезентација со 15 поени, Гоберт имаше 13поени, додека Лесор мечот го заврши со 11 поени.
Кај Доминикана Лиз имаше добар настап, со 12 поени.