Top Sport

Јапонците „учеа кошарка“ од Американците, заглавија на -53

Кошаркарската селекција на САД денеска немаше вистински ривал во третото коло од групната фаза на СП во Кина. Американците со резултат 98-45 ја разбија селекцијата на Јапонија држејќи им час по кошарка.

Кошаркарите на САД мечот го одиграа без повредените Џејсон Тејтум и Маркус Смарт, но тоа не им пречеше уште во првата четвртина да стават до знаење дека нема да има никаква неизвесност на мечот. По 10 минути игра, на семафорот стоеше резултат 23-9.

Блескавата партија на Американците продолжи, на полувреме заминаа со +33, резултатот беше 56-23.
Не забавија нуту во третиот период кој заврши со резултат 84-31, по што рутински го приведоа мечот до крај за конечни 98-45.

Најефикасен во победничката селекција беше Дајлин Браун со 20 поени и 7 скока, по него Кемба Вокер реализираше 15 поени со 8 асистенции, а одличен беше и Барнс со 14 поени.

Кај поразената репрезентација светла точка беше Џудај Баба со 18 поени.

Scroll to Top