Кошаркарите на Германија обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство.
Во натпревар полн со возбудувања, актуелните светски шампиони ја победија Словенија со 99:91.
И покрај победата на „Панцерите“, натпреварот го одбележа неверојатниот Лука Дончиќ, кој го одигра речиси целото второ полувреме со четири фаули, и покрај тоа, го сруши рекордот на Евробаскетот.
Натпреварот го заврши со 39 поени (11/25 од поле), што е најмногу во историјата на четвртфиналињата на континенталното натпреварување. Тој имаше и 10 скока, односно седум асистенции, како и три изгубени топки.
Ова беше осмиот натпревар во неговата Евробаскет кариера во кој постигна најмалку 30 поени, а само Дражен Петровиќ (9), Радивој Кораќ (12) и Никос Галис (23) имаат повеќе од него.
Клемен Препелиќ со 13 и Грегор Хорват со 11 беа единствените кои имаа двоцифрен број поени кај Словенија.
Германците не блескаа, но на крајот сепак покажаа дека се подобар тим. Франц Вагнер беше најефикасен со 23 поени (седум скока, четири асистенции), но постигна повеќе од половина од поените од линијата за слободни фрлања (13/14).
Денис Шрудер го заврши натпреварот со 20 поени и седум асистенции, со 1/9 тројка. Тајс имаше 15, Ло 11, а Обст исклучително вредни 10 поени.
Словенија остана без гориво на крајот. Иако беа брилијантни три периоди, падот на концентрацијата на крајот од третиот период ги чинеше скапо.
Тимот на Александар Секулиќ водеше во поголемиот дел од првите 30 минути. На Германија вештачко дишење и даде неверојатната тројка на Тристан Да Силва со свукот на сирената, откако Николиќ промаши чист шут за предност од девет поени.
Потоа во првата минута од последната четвртина Германците постигнаа уште шест поени, го презедоа водството и не го испуштија до крајот.
Германија во полуфиналето ќе игра против Финска, во второто полуфинале ќе играат Грција и Турција.
Foto/ EPA