Top Sport

Дончиќ ќе го потпише најголемиот договор во историјата на кошарката

Далас Маверикс предводен од Лука Дончиќ го доби дербито на Тексас. Словенецот забележа 47 поени, 12 скокови и седум асистенции во победата од 125:107 во Хјустон.

Дончиќ сезонава пропушти девет натпревари, па ова беше негов 65. настап и со тоа ги исполни новите критериуми на НБА за добивање индивидуални награди.

Меѓу нив е и вклучување во една од првите три петорки сезонава, а сосема е сигурно дека ќе биде избран во првата.

Сепак и да биде избран во втората или третата најдобра петорка ќе ги исполни критериумите за потпишување на супермакс договор во летото 2025 година. Тоа ќе биде најголемиот договор во историјата, а Дончиќ најверојатно ќе биде првиот кошаркар кој во една сезона ќе заработи најмалку 80 милиони долари.

Супермакс е договор што можат да го потпишат само играчи со минимум седум години искуство (затоа не може да го потпише ова лето), кои исполниле одредени услови како избор на Ол-стар или Ол-НБА постава. Со новото вклучување во Ол-НБА, Дончиќ ќе ги исполни и последните преостанати критериуми.

Супермаксот нема фиксен износ, но вреди 35% од салари капот за одредена година, а според предвидувањата за 2025 година, тоа би значело дека Дончиќ би можел да потпише петгодишен договор од 346 милиони долари.

Дончиќ моментално е во втората година од петгодишниот договор од 215 милиони, оваа сезона тој ќе заработи 40 милиони, следната ќе заработи 43, па 46, а потоа ќе ја одбие петта година за 49 милиони за да активира нов договор во летото 2026 година.

Доколку го потпише споменатиот супермакс на пет години, ќе биде врзан за Далас до 2031 година, кога ќе има 32 години.

Сопственик на најголемиот договор во НБА моментално е Џејлен Браун од Бостон Селтикс, кој минатата година потпиша супермакс од 304 милиони за пет години, но како што се зголемува селари капот секоја година, така се зголемува и максималната сума на договорот, а затоа Дончиќ ќе добие над 40 милиони долари повеќе .

Scroll to Top