Таткото на еден од најдобрите светски кошаркари Лука Дончиќ и спортскиот директор на словенечката кошаркарска репрезентација Саша Дончиќ беше гостин на Хрватската телевизија, а особено се осврна на прашањето дали Лука Дончиќ може да се споредува со Дражен Петровиќ.
„Дражен е сеуште Дражен. Тој е легенда. Лука е уште далеку од тоа, но мислам дека е на вистинскиот пат. Не би ги споредувал, секој беше меѓу најдобрите во своето време. Мило ми е што некој од Европа покажува дека овде се игра добра кошарка, и во минатото и сега“, рече Дончиќ сениор.