Лука Дончиќ реши да ги израдува кошаркарот на Црвена звезда, негов поранешен соиграч во Реал Мадрид, Треј Томпкинс.
Дончиќ на Томпкинс му испрати патики, за кои вели дека ќе му служат на Американецот во финалната серија на ABA лигата.
Томпкинс преку Инстаграм му се заблагодари на својот поранешен соиграч кој инаку е голем фан на црвено-белите.
„Го ценам ова. Овие ќе ми изгледаат добро во финалето на АБА лигата“, напиша Томпкинс.
Вечерва од 19:30 часот на „Пионир“ играат Црвена звезда и Партизан. По првиот натпревар црвено-белите водат во серијата со 1:0.