Top Sport

Дончиќ по елиминацијата: Психички сум исцрпен

Лука Дончиќ ја сумираше најтурбулентната сезона во неговата кариера по поразот на Лејкерси од Минесота и елиминацијата од плејофот.

Словенецот го одигра последниот натпревар од серијата и покрај повредата на грбот.

„Грбот не ми е добар, не се чувствувам добро, но се обидов да играм и да му помогнам на тимот. Во целата серија со Минесота, не играв онака како што требаше да играм, а не игравме ни ние толку добро како тим. Минесота беше подобра“, рече Дончиќ.

Накратко, тој го сумираше периодот поминат во франшизата Лос Анџелес.

„Да се биде играч на Лејкерси е фантастично, навивачите исто така ме прифатија одлично. Среќен сум што сум тука, веќе имам неколку одлични моменти зад мене каде што се обидов да научам што е можно повеќе за тимот, градот, се обидов да го обработам сето тоа“.

Неизбежна тема на ова интервју со новинарите беше размената од Далас, бидејќи тоа е момент кој, секако, ја одбележа не само сезоната туку и кариерата на Дончиќ.

„Искрено, не знам како да се чувствувам во врска со размената. Кога ќе размислам по сè што се случи, сум ментално исцрпен. Сега е моментот конечно да го обработам сè што се случи. Искрено, дури и не знам што научив за себе од тогаш, сега е моментот за анализара.“

Дончиќ има лето полно со големи одлуки пред себе. Покрај тоа што, како што вели, ќе треба да го анализира сè што му се случи оваа сезона, ќе мора да размисли и за продолжување на соработката со Лејкерси.

Договорот истекува во 2026/2027 година. Дончиќ најверојатно ќе го продолжи договорот.

„Сè уште не сум размислувал за тоа. Бев целосно фокусиран на кошарката. Сега е време да размислувам и на таа тема“, рече Словенецот.

Секако, очекувана е и одлуката да игра за словенечката репрезентација на Евробаскетот.

Scroll to Top