Top Sport

Дончиќ 37, Јокиќ 34, Богдановиќ промаши шут за победа

Далас Маверкс и Голден стејт Вориорс ги добија дерби мелевите против Мемфис Гризлис односно Јута Џез.

Победата на Далас над Мемвис 104:91, ја обележа пресметката помеѓу Лука Дончиќ и Џа Морент.

Асистенција му фалеше на Словенецот за трип-дабл, дуелот го заврши со 37 поени, 11 скокови и девет асистенции. Морент постигна два поени помалку, имаше два скока повеќе од Дончиќ и шест асистенции.

Далас ја потврдија добрата форма, ја забележаа 11.победа на последните 13 натпревари.

Голден стејт славеа над Јута 94:92. Бојан Богдановиќ не успеа да погоди тројка за победа со звукот на сирената. Хрватот со 21 поен беше најефикасен на теренот. Голден стејт го предводеше Џордан Пул со 20 поени.

Денвер Нагетс успеаја да ги победата Детроит Пистонс со 117:111. Никола Јокиќ мечот го заврши со 34 поени, девет скока, осум асистенции, две украдени топки и една блокада.

Резултати: Торонто-Портланд 105:114, Мајами-ЛА Лејкерс 113:107, Орландо-Чикаго 114:95, Шарлот-Атланта 91:113, Минесота-Бруклин 126:125.

Scroll to Top