Лука Дончиќ открил дека бил сигурен дека кариерата во НБА лигата ќе ја започне во дресот на Сакраменто Кингс. Во едно интервју тој открил дека бил сигурен дека на драфтот во 2018 година како втор пик ќе биде избран од Сакраменто.
Ваквото сценарио не се оствари бидејќи генералниот менаџер на Кингс Владе Дивац реши како втор пик да го земе Марвин Бегли, а Дончиќ како трет пик заврши во Далас Маверикс.
„Претставници на Кингс дојдоа да ме гледаат во Мадрид. Сопствениците исто така беа тука. Искрено мислев дека ќе ме драфтуваат“, рекол Дончиќ.
На новинарско прашање дали му било разјаснето зошто тоа не се случило тој рекол.
„Можеби поради тоа што во Евролигата се игра поинаква кошарка“.
Дончиќ во 2019 година е прогласен за дебитант на годината во НБА, а оваа сезона многумина сметаат дека е легитимен кандидат за МВП наградата.