Top Sport

Дончиќ броеше до 49, Ембид подобар од Адетокумбо

Денот пред почетокот на Ол стар викендот, во НБА лигата, го обележа Лука Дончиќ. Словенецот ја потврди одличната форма во дуелот со Њу Орлеанс. Во победата на Далас 125:118, Дончиќ постигна 49 поени.

Далас победата во Њу Орлеанс ја најавија во првата четвртина во која постигнаа 45, а примија 27 поени. Во првите 12 минути Дончиќ постигна 19 поени. На крајот мечот го заврши со 49 поени, 15 скокови и осум асистенции.

Кај Њу Орлеанс дебитираше Си Џе Мекалум. Поранешниот играч на Портланд мечот го заврши со 38 поени.

Брилијантен натпревар одигра и Џоел Ембид. Камерунецот ја предводеше Филаделфија до победата кај шампионот Милвоки 123:120. Ембид забележа 42 поени, 14 скока и пет асистенции. Тобајас Херис и Тајрис Мекси мечот го завршија со по 19 поени.

Ембид го поништи учинокот на Јанис Адетокумбо од 32 поени, 11 скока и девет асистенции.

Мајами славеа победа по продолжението со 111:107 во дуелот со Шарлот. Кајл Лаури се истакна кај Мајами со 25 поени, на спротивната страна Ламело Бол забележа трипл-дабл од 14 поени, 10 скока и 14 асистенции.

Вашинготн победија во Њуорк со 117:103, а ЛА Клиперс го декласираа Хјустон со 142:111.

Scroll to Top