Top Sport

Дончиќ: Чувствувам дека ја изневерив државата

Сензационалната елиминација на актуелниот европски првак Словенија во четврт-финалето на Евробаскет силно ја погоди најголема ѕвезда. Откако Полска ја победи Словенија со 90:87, Лука Дончиќ се појави пред новинарите и како никогаш досега ја презеде целата вина за дебаклот.

„Пред се и честитам на Полска која одигра брилијантно од првата минута. Ние не влеговме во натпреварот како што треба, ја немавме вистинската енергија. Кога се вративме, беше премногу доцна затоа што Полска цело време се бореше и на крајот заслужено победи. Јас одиграв катастрофален натпревар. Ја предадов Словенија, целата земја што не поддржуваше. Морав да играм многу подобро, направив многу големи грешки“, изјави Дончиќ, кој постигна 14 поени со 11 скока и седум асистенции.

Сепак, тој шутираше само 5/15 од поле, имаше дури шест загубени топки, а направи и пет лични грешки и не можеше да ги игра кога на Словенија најмногу и требаше, во тензичната завршница.

„Овој Евробаскет е нешто посебно, има толку многу големи тимови. Жал ми е што не напредувавме. Овој пораз е многу болен бидејќи ја имавме целата земја зад нас, но не успеавме. Секогаш ќе играм за Словенија, под услов да се квалификуваме и да не се повредам. Најмногу сакам да играм за Словенија“, дополни НБА ѕвездата.

Сепак, Дончиќ ќе биде во НБА за време на квалификациите во ноември годинава и февруари следната година, па Словенија ќе мора без него да се избори за пласман на Светското првенство.

Scroll to Top