Top Sport

Дончиќ е пред суспензија во НБА лигата

Кошаркарите на Сакраменто синоќа славеа против Далас и ја остварија третата победа во меѓусебните дуели сезонава.
Иако најефикасен во поразениот тим повторно беше Лука Дончиќ, во последната минута од мечот беше исклучен поради втора техничка грешка на мечот.

Тоа за Словенецот беше 15-та техничка во сезоната, па ако добие уште една, ќе се соочи со суспензија од еден натпревар.

„Првата техничка грешка е досудена по точна одлука и офанзивен фаул. Во транзиција Дончиќ трчаше покрај мене и рече `по ѓаволите` и тресеше со раката. Тоа е непочитување на судиска одлука и не е спортски потег“ нагласи судијата на мечот.

Втората техничка ја доби откако ја фрли топката, односно поради протест.

Тренерот на Далас, Рик Карлајл исто така беше исклучен, но повеќе е загрижен што Лука е на чекор до суспензија.

„Му обрнавме внимание на тоа“ рече стратегот.

Scroll to Top