Top Sport

Дончиќ го растури Портланд

Кошаркарите на Далас Маверикс го декласираа Портланд со 132:92, изминатата ноќ во НБА лигата.

До победата во Портланд, Маверикс ги предводеше Лука Дончиќ со 37 поени, седум скока и четири асистенции. Словенецот постигна осум тројки од девет обиди, со што го израмни личниот рекорд.

Покрај Дончиќ уште петмина кошаркари на Далас постигнаа двоцифрен број на поени.

Кај Портланд се истакнаа Лилард ос 19, односно Трент со 16 и Литл со 14 поени.

Scroll to Top