Кошаркарите на Далас Маверикс, во дербито на Тексас, славеа над Хјустон Рокитс со 107:104. Дуелот мина во знакот на Словенецот Лука Дончиќ, кој со неверојатна серија им ја донесе победата на Маверикс.
Клинт Капела, Крис Пол и Џејмс Харден на четири минути до крајот ги однесоа Рокитс на 94:102. Во тој момент на сцена стапи Дончиќ кој со серија од 11 поени, направи пресврт за 105:102.
Далас го забележа 13.триумф во сезоната, додека Хјустон има веќе 14 порази и се наоѓаат на претпоследната позиција во Западната конференција.
Дончиќ натпреварот го заврши со 21 поен, колку што постигна и Весли Метјуз, додека Барнс, Брансон и Финли постигнаа по 14 поени.
Кај Хјустон доминираше Џејмс Харден со 35 поени и осум скока, додека со 23 поени и осум асистенции мечот го заврши Крис Пол.