Top Sport

Навас е подготвен да го напушти Реал

Кејлор Навас е подготвен да го напушти Реал во јануарскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми. Костариканецот испадна од тимот откако во клубот пристигна Тибо Куртоа.

„АС“ објави дека менаџерот веќе стапил во контакт со заинтересираните екипи. Жлбата на Навас наводно била кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Клубот ја разбирал фрустрацијата на Навас, бидејќи прва опција на голот е Куртоа, а во иднина ќе сметаат и на младиот Андреј Лунин..

„Навас ќе добие дозвола да го напушти клубот по завршувањето на сезоната“, пишува весникот во својот коментар.

Костариканецот во претходните три сезони беше еден од клучните играчи кај Зинедин Зидан и походот на трите титули во Лигата на шампионите.

Scroll to Top