Top Sport

Дончиќ и Јанис брилијантни, Голден стејт и ЛА Лејкерс катастрофални

Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо индивидуално ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата, во која нови порази доживеаја актуелните шампиони Голден стејт Вориорс и ЛА Лјкерс. Далас Маверикс го победи Торонто Репторс со резултат 111:110. Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс беа поразени од Њу Орлеанс Пеликанс со 114:105, Лос Анџелес Лејкерс загубија од Јута Џез со 130:116, а Милвоки Бакс славеа во дуелот со Минесота Тимбервулфс со 115:102.

Лука Дончиќ проdолжи со неверојатната форма. Словенецот против Торонто забележа 35 поени со осум скока и шест асистенции.

Ова е осми последователен меч на кој Лука Дончиќ постигнува 30 или повеќе поени, а најмалку во оваа серија имаше против Оклахома, „само“ 31, а најмногу 44 постигна против Орландо.

Милвоки Бакс ја забележаа осмата победа и се единствениот тим со максимален учинок во лигата.

Јанис Адетокумбо забележа трипл-дабл со 26 поени, 14 скока и 11 асистенции, додека Џру Холидеј беше најефикасен поединец со 29 поени.

За разлика од Милвоки, бранителите на титулата Вориорс нижат порази. Вориорс од стартот на сезоната имаат три победи и седум порази.

Против Њу Орлеанс, Вориорс играа беа најдобрите: Стеф Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин, Ендрју Вигинс…

Таквата ситуација ја искористија домашните кошаркари кои со 26. поени на Брендон Инграм остварија голема победа.

Во лоша ситуација се и Анџелес Лејкерс, имаат скор од две победи и шест порази.„Езерџиите“ се претпоследни на Западот.

На прагот на трипл-дабл беше Леброн Џејмс, кој постигна 17 поени со 10 скока и осум асистенции, додека Расел Вестбрук беше најефикасен со 26 поени, Ентони Дејвис имаше 22 поени и осум скока.

Што се однесува до Јута, 27 поени, 13 скока и 4 асистенции забележа Лаури Марканен, 20 поени постигна Кларксон, 18 Кели Олиник, 17 Колин Секстон.

Scroll to Top