Top Sport

Дончиќ испорача 50 поени во Хјустон, Јокиќ го реши Портланд

Лука Дончиќ ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата, во која блескаше Никола Јокиќ, а одлични партии пружија Бојан и Богдан Богдановиќ, односно Јусуф Нуркиќ.

Далас, во Хјустон, во дербито на тексас славеше со 112:106. Лука Дончиќ одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата и само вторпат во НБА стигна до границата од 50 поени.

До магичната бројка дојде на 19 секунди до крајот на мечот кога погоди тројка, со што стави точка на победата на Далас.

Словенецот повторно беше „човек тим“, бидејќи ниту еден од неговите соиграчи не постигна повеќе од 11 поени, колку што постигнаа Спенсер Динвиди и Дејвис Бертанс.

Ракетите ги предводеа Џабари Смит со 24 и Џејлен Грин со 23 поени.

Денвер ја задржаа лидерската позиција на Западот со победата над Портланд 120:107 . Никола Јокиќ забележа 29 поени, осум скока и 11 асистенции. Јокиќ е еден од играчите со најмногу дабл-дабл и трипл-дабл учиноци од стартот на сезоната.

Покрај Јокиќ, кај Денвер се истакна и Џамал Мареј со 25 поени, 12 асистенции и осум скока. Двоцифрен беше и Мајкл Портер со 18 поени и пет скока.

На другата страна Демијан Лилард, имаше 34 поени, осум асистенции и седум скока, а Босанскиот центар Јусуф Нуркиќ постигна 11 поени, седум скока и три асистенции.

Атланта го декласира Детроит со 130:105. Тре Јанг и Дежонте Мареј постигнаа по 26 поени, Богдан Богдановиќ уфрли 19. Бојан Богдановиќ го предводеше Детроит со 23 поени.

Scroll to Top