Top Sport

Дончиќ израмни личен рекорд – Далас поразени од Њујорк

Далас Маверикс доживеаја непланиран пораз од Њујорк Никс 109:117. Далас се седми на западот со 30 победи и 25 порази, а Њујорк се шестти на истокот со 30 победи и 26 порази.

Маверикс не успеаја да го избегнат поразот и покра тоа што Лука Дончиќ имаше неверојатни 19 асистенции. Словенецот, го израмни личниот рекорд, во оваа статистичка категорија. Дончиќ 19 асистенции имаше и лани против Милвоки.

Дончиќ мачот го заврши со 22 поени, осум скока и 19 асистенции. Од соиграчите поддршка доби само од Кристапс Прозингис, 23 поени и 12 скокови.

Нерешлива енигма за Далас беше центарот на Њујорк, Џулиус Рендл. Поранешниот играч на ЛА Лејкерс, натпреварот го заврши со 44 поени, 10 скока и седум асистенции.

Scroll to Top