Top Sport

Дончиќ ја доби пресметката со Кари, Лејкерси се изрезилија против Њу Орлеанс

Далас ги победи Вориорс во Сан Франциско, Дончиќ го доби дуелот со Кари, Јута во дербито славеа во Финикс, Лејерси се изрезилија во дуелот со Њу Орлеанс.

Јута во интересен и неизвесен натпревар победи во Финикс со 118:114. Јута успа да се врати од минусот од 15 поени, во првата четвртина, на крајот Донован Мичел го однесе тимот до победата. Мичел постигна 26 поени, Кларкосн го следеше со 22. На спротивната страна Девин Букер постигна 30 поени.

Далас, во Сан Франциско, ги победи Вориорс со 107:101. Лука Дончиќ со 30 поени и 11 скокови се истакна кај Маверикс. Вориорс ги предводеше Стеф Кари со 27 поени и 10 асистенции.

Никола Јокиќ не се истакна поентерски во убедливата победа на Денвер против Портланд со 124:92. Србинот постигна само осум поени, но имаше и 18 скокови и 11 асистенции. Џамајкл Грин со 20 и Демаркус Казинс со 19 поени беа најефикасни во редовите на Денвер.

Лејкерси претрпеа тежок пораз од Њу Орлеанс Пеликанс (95:123). Со Џеј Мекалум со 22 поени го предводеше Њу Орлеанс.

Scroll to Top