Top Sport

Дончиќ на чекор до трипл-дабл, дабл-дабл ефект на Нуркиќ

Лука Дончиќ, неговиот соиграч Бобан Марјановиќ и Јусуф Нуркиќ имаа забележителни настапи за своите тимови во подготвителните натпревар во НБА лигата.

Далас Маверикс, изминатата ноќ, беа поразени од Индијана Пејсерс со 111:118. Дончиќ беше на чекор до трипл-дабл (20 поени, 11 скока и девет асистенции). Неговиот соиграч Марјановиќ забележа 11 поени и шест скока.

Актуелните шампиони Торонто Репторс забележаа победа во дуелот со Портланд Трејлблејзерс 110:104. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, натпреварот го заврши со 17 поени, 13 скока и четири асистенции.

Scroll to Top