Далас Маверикс, доживеаја непријатен пораз на домашен терен, во дуелот со една од најлошите екипи во НБА лигата. Оклахома сити Тандер, по едно продолжение, победи во Далас 120:114.
Секоја трилер-завршница има херој и трагичар. Лугенц Дорт, младиот Канаѓанец, постигна две тројки во продолжението, со кои го реши победникот. Дорт мечот го заврши со 30 поени, поен помалку постигна Тре Мен.
Трагичар беше најдобриот играч на Далас, Лука Дончиќ и покрај тоа што натпреварот го заврши со 40 поени, шест скока и 10 асистенции.
Денвер Нагетс без својот лидер, Никола Јокиќ, пружија отпор но не успеаја да го избегнат поразот од Јута Џез. Покрај Јокиќ, кој има повреда на прстот, за Денвер не играа Арон Гордон и Демаркус Казинс.
Натпреварот во Солт Лејк сити го реши Бојан Богдановиќ, кој погоди од линијата за слободни фрлања на 10 секунди до крајот на мечот.
Јута до победата 108:104 ја предводеше Трент Фрест со 18 поени, Мајк Конли уфрли 17, а уште тројца играчи постигнаа по 15 поени.
Кај Денвер се истакна Брин Форбс со 26 поени.