Лука Дончиќ, ѕвездата на Далас Маверикс, во разговор со Стив Неш за „Бличер рипорт“ открил како изгледала неговата прва средба со Кристијано Роналдо. Неш е инаку голем вљубеник во фудбалот никогаш не криел дека е навивач на Тотенхем, а има и дел од сопственоста во фудбалскиот клуб Мајорка.

„Играв фудбал во детството, бев напаѓач. Бев како Златан Ибрахимовиќ. Секогаш сум го сакал Реал Мадрид“, рекол Дончиќ, а потоа открил како изгледала првата средба со големата ѕвезда Роналдо.

„Роналдо ми беше омилен фудбалер. Кога дојде во Мадрид имав 13 години. Имав можност да го запознам бидејќи секоја година за Божик имавме заедничка вечера со фудбалерите. Кога го запознав имав 16 години. Бев толку нервозен што не можев да зборувам. Поради то ништо не го прашав. Секогаш сум сакал да возам некој од неговите автомобили“.