Top Sport

Газдата на ЛА Клиперс донирал 25 милиони долари

Извршниот директор на „Мајкрософт“ и сопственик на Лос Анџелес Клиперс Стив Балмер донирал 25 милиони долари за борбата против коронавирусот. Парите тој ќе ги распредели за помош на заедниците во Сиетел, Лос Анџелес и Мичиген, а 10 милиони долари наменил за универзитетот Вашингтон каде научниците работата на пронаоѓање на вакцина против КОВИД-19.

Зошто Балмер ги одбрал токму овие три града? Тој пораснал во Детроит во сојузната држава Мичиген, се збогатил во Сиетл каде се наоѓа седиштето ан „Мајкрософт“, а сега живее во Лос Анџелес.

Балмер претходно донирал еден милион долари на заедницата во Лос Анџелес и три милиони за основање на фондација во Сиетл. Не се наведува дали овие четири милиони се вклучени во донацијата од 25 милиони долари.

Оваа сума нема да го оптовари буџетот на супер-богатиот Балмер бидејќи „Форбс“ неговото богатсто го проценува на 57,3 милијарди долари.

Американците се воодушевени од овој потег бидејќи претходно тројца други богаташи, сопствени на спортски франшизи намалуваа плати или отпуштаа работници.

Џош Херис газдата на Филаделфија ’76 за 20 отсто им ги намали платите на вработените, но по една недела по критиките во јавноста ја повлече одлуката.

Џереми Џејкобс сопственикот на Бостон Бруинс и на арената „ТД Гарден“ отпуштил неколку стотици работници, додека газдата на Хјустон Рокетс кој воедно е сосптвеник на ланец хотели и ресторани решил да им врачи отказ на 40.000 вработени.

Scroll to Top