Top Sport

Дончиќ повторно „лидер“, Маверикс до четврта победа во низа

Далас маверикс стигнаа до лесна 109:87 победа на гостувањето кај Вашингтон визардс за своја четврта победа во низа, со која се искачија на седмото место на Западот, а повторно лидер на тимот беше словенечкиот ас, Лука Дончиќ.

Дончиќ имаше 26 поени, 8 скока и 6 асистенции, иако постигна само една тројка од осум победи. За Маверикс, Бренсон додаде 19, Хардавеј 16 поени, а во тимот се врати и Бобан Марјановиќ со 15 поени и 12 скока.

Во третиот последователен пораз на Вашингтон, Расел Вестбрук повторно беше најефикасен со 26 поени, 14 скока и 5 асистенции, а во тимот недостасуваа повеќе кошаркари поради повреди.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Вашингтон – Далас 87:109

Детроит – Њујорк 81:125

Мајами – Кливленд 115:101

Филаделфија – Минеоста 122:113

Сан Антонио – Индијана 133:139

Јута – Орландо 137:91

Портланд – Оклахома Сити 133:85

Сакраменто – Милвоки 128:129

Scroll to Top