Американските обложувалници ги објавија прогнозите за МВП трката, во новата сезона. Фаворит број 1, во сезоната 2021/2022 е кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ. Актуелните МВП, Никола Јокиќ е осми на оваа листа.
Дончиќ има коефициент 4, а според обложувалниците, главен конкурент ќе му биде асот на Филаделфија, Џоел Ембид (коефициент 7).
Третото место, со коефициент 8 го делат Кевин Дурент, Стеф Кари и Јанис Адетокумбо. Пред Јокиќ (јоефициент 15) се Леброн Џејмс (11) и Демијен Лилард (11).