Top Sport

Дончиќ со нов трипл-дабл, Јокиќ најдобар кај Денвер, Џорџ дебитираше за Клиперс (Видео)

Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл, Никола Јокиќ ги предводеше Денвер до нова победа, а Пол Џорџ дебитираше за Лос Анџелес Клиперс.

Денвер Нагетс забележаа победа над Бруклин Нетс 101:93. Седмумина кај Денвер постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Јокиќ со 18 поени и 10 скока, односно Пол Милса со 18 поени. Тројца кај Бруклин мечот го завршија со 17 поени (Ирвинг, Динвиди, Ален).

Дониќ забележа трипл-дабл (33 поени, 10 скока, 11 асистенции) но Далас Маверокс го загубија мечот од Њујорк Никс 103:106.

Милвоки Бакс славеа над Чикаго Булс 124:115. Јанис Аденткумбо забележа 38 поени и 16 скока, а Ерик Бледсо ппостигна 31 поен.

Пол Џорџ со 33 поени и пораз од Њу Орлеанс Пеликанс 132:127 дебитираше за Лос Анџелес Клиперс. Пеликанс ги предводеа Деворик Фејворс со 20 поени и 20 скока односно Џру Хоидеј со 36 поени.

Финикс убедливо ја поразија Атланта. Дрио Шариќ ги предводеше Санс со 23 поени и шест скока.

Scroll to Top