Top Sport

Дончиќ со повеќе Ол-Стар гласови од Стеф Кари!

На словенечката кошаркарска сензација Лука Дончиќ му предвидуваа блескава иднина во НБА лигата, но никој не очекуваше да се случи ова.

НБА лигата ги објави досегашните резултати од гласањето за Ол-Стар натпреварот, а Дончиќ се наоѓа на второто место на Западот со фантастични 2.220.077 гласови, и пред него е само „кралот“ Леброн Џејмс со 2.779.812. Повеќе од Словенецот имаат и Кајри Ирвинг и Јанис Абетокумбо во Источната конференција.

19-годишниот Дончиќ едноставно блеска во дресот на Далас маверикс и има просек од 19.8 поени, 6.7 скока и 4.9 асистенции на натпревар и првпат по долга пауза неговите Маверикси се во игра за плеј-офот со 19-22 скор на деветтото место на Западот.

Овогодишниот Ол-Стар натпревар ќе се игра на 17 февруари во Шарлот, а гласовите од публиката ќе вредат 50 отсто во стартната петорка, а другиот дел ќе го бираат самите кошаркари и американските медиуми.

Scroll to Top