Top Sport

Данска лекција по ракомет– им дозволија само четири гола на Чилеанците во првото полувреме!

Данска, слично како и ко-домаќинот Германија, со победа го стартуваше 26. Светско првенство во ракомет, откако во меч кој наликуваше на егзибиција со 39:16 (22:4) го декласираше Чиле, покажувајќи ја огромната разлика во квалитетот.

Дека се работи за две репрезентации кои не се ниту на приближно исто ниво, најдобро покажа првото полувреме во Хернинг, кое домаќините го добија со 22:4, дозволувајќи им само четири гола на несреќните Јужноамериканци. Во второто полувреме, Чилеанците се „созедоа“ и беа далеку поефикасни, за на крајот мечот да заврши со резултат 39:16.

Ѕвездата на Барселона, Каспер Мортенсен постигна осум гола, Микел Хансен додаде седум за разиграните Данци, додека кај Чилеанците најефикасен беше Салинас со само четири гола.

Данска е во групата Ц на Мундијалот, каде што уште се и посериозните противници како Австрија, Норвешка, Тунис и Саудиска Арабија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top