Реал Мадрид ја совлада Црвена звезда во Белград со 82:79 во 29. коло од Евролигата, за да ја зголеми мизеријата на српскиот тим,кој сега има три порази во низа во европското натпреварување.
Црвено-белите и претходно останаа без шанси за пласман во плеј-офот, но, успеаја да се држат солидно со шпанскиот клуб, пред Лука Дончиќ, словенечкиот вундеркинд да постигне тројка при 79:79 на само една секунда пред крајот.
Дончиќ имаше 24 поени за победата, 9 скока и 4 асистенции, но и седум загубени топки, додека Фелипе Рејес имаше 14 поени. Кај Звезда, за која не играше повредениот Перо Антиќ, најефикасен беше Ален Омиќ со 25 поени и 10 скока, додека Фелделајн имаше 18 поени.