Top Sport

Дончиќ заработи суспензија, па се пожали: Не знам што направив, ова не е фер

Лука Дончиќ ќе го пропушти последниот натпревар од регуларниот дел во сезоната во НБА. Во претпоследниот, неговиот Далас го совлада Портланд со дури 50 поени плус (128:78), а Словенецот мечот го заврши со 39 поени, 11 скока и седум асистенции.

Сепак, на крајот на првата четвртина, Дончиќ мислеше дека е фаулиран додека шутира. Судиите не го делеа неговото мислење, а Дончиќ реагираше, па доби техничка грешка. Во извештајот на судиите се наведува дека причина биле континуираните приговори.

„Искрено, не знам зошто ја добив техничката. Го прашав судијата како ова не е прекршок, а тој ми го ја даде техничката. Не знам што имаше тука за техничка. Не е фер , не е фер“, изјави Дончиќ по натпреварот.

Техничка грешка сама по себе не би била проблем, но ова е 16. за Дончиќ сезонава, која носи автоматска суспензија од еден натпревар. Може да се спаси само во случај Лигата да му ја поништи техничката, еднаш тоа се случи сезонава, и затоа овој пат не е многу веројатно. Да напоменеме и дека Дончиќ заедно со Карл-Ентони Таунс е единствениот НБА кошаркар кој оваа сезона има направено 16 технички грешки.

Далас Маверикс ќе остане без својот најдобар играч на последниот натпревар од сезоната, кој го игра в недела против Сан Антонио. Маверикс обезбедија плеј-оф, но тој натпревар би можел да одлучи дали ќе влезат во плеј-офот од третото или четвртото место. За третото место им треба победа против Спарс и пораз за Вориорс во еден од двата преостанати натпревари.

Scroll to Top