Top Sport

Сопствениците на ПСЖ разочарани од Нејмар

Бразилскиот ас Нејмар кога дојде од Барселона во Пари Сен Жермен го потресе фудбалскиот свет со неверонатниот мегатрансфер, но со текот на времето стана огромно разочарување за сопствениците на францускиот гигант, открива „Л’Екип“. Газдите на „Катар спортс инвестментс“ го сметаат ангажманот на бразилскиот напаѓач за најлоша инвестиција во ПСЖ. Сепак, ќе биде многу тешко и да го продадат ова лето, затоа што нема заинтересирани клубови кои се подготвени да ја платат неговата огромна плата.

ПСЖ во 2017 година го собори трансфер рекордот на сите времиња, плаќајќи 222 милиони евра за Нејмар. Вкупната сума потрошена за него надминува 500 милиони евра. Сепак, во овој период ПСЖ не успеа да ја оствари својата цел, освојување на Лигата на шампионите, а Нејмар никогаш не се наметна како голем лидер на тимот.

Сопственици на клубот и денеска веруваат дека Нејмар не е доволно мотивиран и не вложува доволно напори за да ја врати својата врвна форма.

Scroll to Top