Top Sport

Дончиќ заврши на подот (Видео)

Бруклин Нетс го декласираа тимот на Далас Маверикс 127:88 изминатат ноќ во НБА лигата. Социјалните мрежи ги „запали“ потегот на Џо Херис против Лука Дончиќ.

Словенецот, кој е најсериозниот кандидат за наградата „Дебитант на сезоната“, често со своите потези ги правеше смешни своите противници, а во Бруклин почувствува како е да бидеше понижен.

Херис, доби топка на шут за три поени, направи финта со која „по бурек“ ги испрати Дончиќ кој заврши на подот. Дончиќ во обидот да не му дозволи шит на Херис го повредил глуждот.

Мечот во Бруклин Дончиќ го завршил со 16 поени и 6 скока.

Scroll to Top