Top Sport

Киднапирана мајката на фудбалерот на Бордо

Мајката на фудбалерот на Бордо, Самуел Калу, била киднапирана во Нигерија. Според локалните медиуми, киднаперите, побарале сума од 140.000 долари за да ја ослободеле жената.

Киднаперите на Калу му порачале дека сума ќе расте од ден во ден, се до моментот кога ќе решиел да ја купи слободата на својата мајка.

Калу има 21 година, а минатото лето стана играч на Бордо, претходно настапувал за Гент во Белгија. Сезонава, Калу, настапил на 29 натпревари во сите натпреварувања и постигнал четири гола.

Scroll to Top