Top Sport

Дончиќ полуде на прес: Кој не скока, не е Словенец!

Прес-конференцијата на Лука Дончиќ и на словенечкиот селектор Александер Секулиќ по обезбедувањето на првиот пласман на Олимписките игри беше прекината од словенечките кошаркари, кои не можеа да ја сокриат возбудата од големиот успех.

Дончиќ со трипл-дабл успеа да помогне Словенија со 96:85 да ја совладаат Литванија во Каунас за првпат во историјата на државата да влезат на ОИ.

Секако, успехот на „змајчеките“ предизвика хаотична атмосфера на пресот, кога соиграчите на Дончиќ улетаа на прес-конференцијата и почнаа со песна: „Кој не скока, не е Словенец!“.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');