Top Sport

Донован Мичел во Кливленд

Сагата наречена Донован Мичел го доби епилогот. Изворедниот бек-шутер кариерата ќе ја продожи во Кливленд Кавалирс. Како што објави „ESPN“, Лаури Марканен, Охер Агбаџи, Колин Секстон, три незаштитени пикови од првата рунда и два драфт пика ќе одат добие Јута Џез во замена за Мичел.

За да се случи овој трејд, Секстон ќе потпише нов четиригодишен договор вреден 72 милиони долари пред да се пресели во Солт Лејк сити.
Мичел долго време се поврзуваше со неколку НБА франшизи. е веруваше дека тој ќе се пресели во родниот Њујорк и дека ќе го облече дресот на Никс. Сепак, тој отиде во друга насока.

Ова го продолжи „трошењето“ на Јута започнато со заминувањето на Руди Гобер, а очигледно е дека во Солт Лејк Сити ја напуштија филозофијата „победи сега“ и почнуваат да градат нов тим.

Јута Џез со овој трејд уште еднаш потврди дека тргнива во целосна реконструкција на тимот. Пред Мичел тимот го напушти Руди Гобер,а според амрриканските медиуми Јута работи и на трејдот на Бојан Богдановиќ.

Мичел помина пет години во Јута и за тоа време одигра 345 натпревари во регуларниот дел од сезоната и уште 39 во плејофот. Во тој период имаше просек од 28,3 поени или 23,9 во вториот дел од сезоната со 4,5 асистенции и 4,2 скока, т.е. 4,7 асистенции и 4,9 скока.

Досега три пати беше учесник на Ол-стар натпреварите, беше член на идеалната дебитантска петорка, а во четири од досегашните пет сезони се најде меѓу 20-те најдобри стрелци во лигата.

Scroll to Top