Top Sport

Зверев не патува во Милано, ќе се „чува“ за Лондон

Александер Зверев се повлече од дебито на „Некст џен“ финалето следниот месец за да се фокусира на првиот настап на АТП финалето.

АТП го замисли „Некст џен“ турнирот во Милано како турнир за најдобрите седум играчи под 21 година и еден тенисер со вајлд-карта, а 20-годишниот Зверев се промовираше во вистинската „следна генерација“ на тенисот во 2017 со две Мастерс титули.

„Се консултирав со мојот тим и за да можам да се подготвам за Лондон, најдобро е да не играм следната недела. Ќе дојдам на отварањето на турнирот во Милано за да ја покажам мојата поддршка за турнирот и честа што сум пласиран, но ќе играм само во Лондон“, вели Зверев.

На турнирот во Милано досега се имаат квалификувано Русите Данил Медведев, Карен Хачанов и Андреј Рублев, Кореецот Хјеон Чунг, Американецот Џаред Доналдсон, Канаѓанецот Денис Шаповалов и Хрватот Борна Чориќ. Турнирот почнува на 7 ноември.

Scroll to Top