Top Sport

Дорси два месеци во аут

Кошаркарот на Фенербахче, Тајлер Дорси, поради повреда ќе отсуствува два месеци, објави клубот од Истанбул на официјалната веб-страница.

Дорси (27) заработи скршеница на метатарзалната коска на десното стапало на натпреварот против Валенсија во петокот вечерта и ќе биде подолго време надвор од терените.

Поради повредата ќе пропушти голем број важни натпревари во Евролигата.

Отсуството на Дорси ќе биде тежок удар за тренерот на Фенербахче, Димитрис Итудис.

Во првите две кола од Евролигата, Дорси за 55 минути поминати на теренот постигна вкупно 32 поени.

Фенербахче ја отвори сезоната во Евролигата со победа на домашен терен против Олимпија од Милано (85:82) и пораз во Валенсија (74:77).

Scroll to Top