„Бура“ ја зафати словенечката кошаркарска репрезентација пред Евробаскетот, по одлуката на селекторот, искусниот Зоран Драгиќ да патува на континенталното натпреварување.
Селекторот Александар Секулиќ му се заблагодари на Жига Данеу за соработката, но и на Драгиќ, кој мислеше дека ќе се збогува со репрезентацијата веднаш по Европското првенство.
Во меѓувреме се јави неговата сопруга Светлана, која вели дека Зоран сам ја напуштил репрезентацијата.
„Зоки сам ја напуштил репрезентацијата и со тоа веројатно му ги олеснил работите на дотичниот господин, кој не знаел како да го избрка од репрезентацијата“, напиша Светлана.
Наводно, конфликтот се случил по поразот на Словенија во Германија, кога Драгиќ одиграл само три минути.
Секулиќ верува дека Драгиќ не може да ѝ помогне на репрезентацијата, додека во исто време се шпекулира дека Федерацијата е во конфликт со неговиот брат, Горан.
„Во секој случај, младите заслужуваат шанса и можност да играат, а им посакувам на другите долгогодишни членови да го завршат своето репрезентативно патување на достоинствен начин, со барем малку благодарност од челниците на Федерацијата“, додаде сопругата на Зоран Драгиќ.
На Евробаскетот (27 август – 14 септември), Словенија ќе игра во групата Д во Катовице со домаќините Полска, Франција, Белгија, Исланд и Израел.
Фото/ Принтскрин