Горан Драгиќ кариерата ќе ја продолжи во Бруклин Нетс. Словенецот до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Бруклин.
Бруклин му врачија отказ на Џејвон Картер, со што направија простор за Драгиќ. Бруклин ќе биде петтиот тим во 14 годишната кариера на Драгиќ. Претходно бил во Хјустон, Финикс, Мајами и Торонто.
Најуспешен бил во периорд 2015-2021, кога играше за Мајами Хит. Успеа да избори место на Ол стар натпреварот, а во 2020 година беше дел од финалето и борбата за шампионскиот прстен.
Во кариерата има просек од 13,9 поени, 4,8 асистенции и три скока по натпревар.