Словенечкиот кошаркар на Торонто репторс, Горан Драгиќ имаше интересна изјава за легендарниот Владе Дивац, велејќи дека тој очигледно не знае многу за кошарката штом дозволил талент како Лука Дончиќ да му „избега“.
Дончиќ, кој „жари и пали“ во НБА последните две години, беше избран како трет пик на драфтот во 2018 од Далас маверикс, што значи дека имаа шанса да го земат Финикс санс и Сакраменто кингс, каде што генерален менаџер беше Дивац. Финикс го добија Деантре Ејтон, а Кингс Марви Бегли (кој оваа сезона е „избришан“ од тимот), наводно поради нетрпеливоста која Дивац ја имал кон таткото на Дончиќ.
„Луѓето кои го дозволија Дончиќ да им избега на драфтот, воопшто не се разбираат во кошарката. Секогаш сум бил близок со Лука и неговото семејство и сите требаше да знаат дека се работи за талент кој ретко се раѓа“, вели Драгиќ.