Top Sport

Драма во Белград: Берон херој, Гагиќ трагичар

Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја добија првата пресметка со Партизан, во полу-финалето во АБА-лигата. Во „Пионир“, во драматичен меч Црвена ѕвезда победи 101:96 дури по продолжението. Натпреварот во регуларниот дел заврши 85:85.

Прекрасен меч одиграа „вечните ривали“ на отворањето на полу-финалната серија во АбА лигата. Црвена ѕвезда доминираше во првиот период, кој го доби со десет поени разлика. Во останатите две четвртини возвратија играчите на Партизан, кои во решавачкиот период влегоа со позитива од три поени.

Црвена ѕвезда успеа да ја стигне и престигне таа разлика, но не и да ја обезбеди победата. Во финишот Човиќ погоди едно од двете слободни за 85:83, а на три секунди израмни Ренфро. Последниот напад не го реализира Кеј-Си Риверс.

Парризан подобро влезе во продолжението, Ѕвезда успеа да се консолидира. Последната минута донесе вистинска драма. Откако Загорац израмни со тројка на 96:96, на „сцената стапи“ центарот на Партизан Гагиќ кој направи неспортска грешка. Неговиот кикс го казни Берон кој за 20 секунди постигна пет поени и го реши победникот.

Најефикасни кај Црвена ѕвезда беа Берон со 23 поени, Давидовац со 18 и шест скока, Човиќ со 16 поени и девет асистенции и Риверс ос 12 поени. Партизан го предводеа Маринковиќ со 20 и Лендејл со 17 поени.

Вториот меч во истата сала се игра на 30 март, а домаќин ќе биде Партизан.

Scroll to Top