Олимпијакос, тимот со најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, обезбеди пласман на завршниот турнир во Абу Даби. Грчкиот тим ја доби серијата против Реал со 3:1. Вечерва во драматичен натпревар, Олимпијакос победи во Мадрид со 86:84.
Реал на 122 секунди до крајот на мечот имаше предност од седум поени 78:85, но малку недостигаше да избори мајсторка. Абалде промаши тројка за победа.
По деветти пат во последните 15 години, Олимпијакос ќе игра на Фајналфорот на Евролигата
Тие ќе се борат за четвртата шампионска титула во овој период, а петта во историјата на клубот, и покрај тоа што вечерва во Мадрид, нивниот најдобар играч, Саша Везенков беше под своето ниво.
Брилијантната трета четвртина, во која Олимпијакос на Реал му дозволи само четири поени во првите пет минути, практично го реши победникот. Во тие пет минути Олимпијакос постигна 16 поени и минусот од пет поени го претвори во плус седум.
Во решавачкиот период Олимпијакос ја стакна највисоката предност 67:82, но му дозволија на реал да се врати во натпреварот со серија 11:0.
Еван Фурние го предводеше Олимпијакос со 23 поени, капитенот Папаниколау постигна 12 поени, два повеќе од Најџел Вилијамс-Гос и Везенков.
На спротивната страна Марио Хезоња забележа 21 поен и шест скока, Џанан Муса постигна 12, а Серхио Љуљ 11 поени.
Во полуфиналето на завршниот турнир, Олимпијакос ќе игра со победникот од серијата меѓу Барселона и Монако. Четвртиот меч се игра во петок во Барселона, Монако има водство во серијата 2:1