Победата на Финикс со звукот на сирената и дебаклот на Јута ја обележаа ноќта во НБА лигата.
Финикс Санс, по драматичната победа над Њујорк 115:114, се зацврстија на лидерската позиција во лигата. Санс, во последната четвртина се вратија по минусот од 14 поени и славеа со тројката на Кем Џонсон, кој погоди со звукот на сирената.
Младиот кошаркар постигна рекордни 38 поени. Кај Њујорк се истакна Џулиус Рендл со 25 поени и седум скока.
Милвоки, во дербито на Источната конференција, го победија Чикаго со 118:112. Блескаше Јанис Адетокумбо со 34 поени и 16 скокови. Одличен меч одиграа и Џру Холидеј (26 поени) и Крис Мидлтон (22 поени).
Чикаго го предводеа Зек Лавин со 30 и Демар Дерозан со 29 поени.
Њу Орлеанс ја декласираа Јута со 124:90. Брендон Инграм постигна 29 поени, Си Џеј Мекалум 24.
Резултати:
Детроит-Индијана 111:106
Филаделфија-Кливленд 125:119
Вашингтон-Атланта 114.117
Торонто-Орландо 97:103
Оклахома-Минесота 101:138
Денвер-Хјустон 116:101