НБА кошаркарот Андре Драмонд го спаси својот двегодишен син Дион откако тој падна во базен. Момчето играше покрај базенот, па наеднаш се најде под вода. Драмонд веднаш притрча, скокна и го спаси својот син кој не знае да плива.
На Твитер објави видео од надзорните камери на кои добро се гледа што точно се случило.
„Не носат сите херои наметка! Најголемата ноќна мора за секој родител“ напиша кошаркарскиот центар во опис на видеото.
NOT ALL HEROS WEAR CAPES ??♂️??♂️
A parents worst nightmare….. Feat my son & I ??No one was harmed in this video pic.twitter.com/POumiU9HGk
— Andre Drummond (@AndreDrummond) August 12, 2021
Снимката за 15 часа била погледната над милион пати.
Драмонд минатата сезона играше во ЛА Лејкерс, а во новата сезона ќе е дел од екипата на Филаделфија.