Top Sport

Дрејмонд Грин доби две технички, Вориорс загубија во драма од Хорнетс

Драматичните немили сцени во последните моменти од мечот беа комплетирани со кош на Тери Розиер во последната секунда за Шарлот хорнетс да стигнат до 102:100 победа над Голден Стејт вориорс, откако Дрејмонд Грин доби две технички грешки и исклучување во мечот.

Вориорс имаа предност од 10 поени во последната четвртина, пред Шарлот да се вратат во игра, но по тројката на Кели Убри Вориорс имаа +5 на 53 секунди пред крајот. Розие потоа врати со тројка, пред да го израмни мечот со двете слободни фрлања откако Грин влезе во конфликт со судиите. Хорнетс ја контролираа топката по овие фрлања, пред тој да го реши мечот во последната секунда.

Грин се лутеше што не беше суден фаул над Бред Ванамејкер и тренерот Стив Кер признава дека тој ја „поминал црвената линија“ со конфликтот.

„Тоа беше непотребно и ја помина линијата. Ја сакаме неговата страст и енергија и знаеме дека не сме истиот тим без него, но тоа не му дава дозвола да оди дотаму“, вели Кер.

Scroll to Top