Top Sport

Дресот на Јокиќ во кој го „уништи“ Мајами продаден за 150.000 долари

Денвер Нагетс за првпат во историјата стигна до титулата во НБА лигата, а Никола Јокиќ блескаше во финалната серија и ја освои наградата МВП против Мајами.

Неверојатно импресивен беше во третиот меч од финалето кога забележа над 30 поени и над 20 скока.

Дресот од таа средба заврши на аукција и достигна рекордна цена. Еден љубител на кошарката платил дури 148.020 долари за дресот во кој Никола Јокиќ го декласира Мајами.

 

Scroll to Top